Вчера (28 февруари) во 16 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово во домот на М.Ц. во тетовско Сараќино ја пронашле Ј.Т.(14) од с.Волково, скопско, за која во 14.05 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, нејзината мајка И.Т. пријавила дека се оддалечила од домот.

Инаку, таа и претходно е пријавувана дека се оддалечувала од домот, велат од МВР.

Во присуство на претставник од Центар за социјални работи, малолетничката била предадена на родителите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.