Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 19 часот и 50 минути на улица „Панче Поповски“ во Гостивар го лишиле од слобода 41-годишниот С.Ш. од тетовско Селце-Кеч.

Тој претходно бил пријавен од 30-годишна гостиварка, со која бил во љубовна врска, дека пред зградата во која живеела ѝ го одзел едно од двете малолетни деца и ѝ се заканил, соопштија од СВР Тетово, додавајќи дека тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.