Инцидент се случил синоќа пред дискотека во Скопје, кога 20-годишно момче завршило со дупната глава, а на неговата девојка, исто така 20 години, и била расцепена устата. Тие тврдат дека ги нападнало обезбедувањето на дискотеката која се наоѓа во центарот на градот.

Вечерта биле во болница, каде што им биле третирани раните, а случајот е пријавен во полиција.

Нападнатата девојка за „Фактор“ вели дека на ниту еден начин не придонеле за да бидат нападнати. Вели дека само затоа што нејзното момче зборувало со хостесата, човекот од обезбедувањето ги нападнал.

Сите тројца беа на возраст од околу 25/26 години, едниот од нив прво го удри момчето, па мене, но јас откако бев удрена не можев да помогнам“, вели таа. Потоа, како што вели, уште двајца од обезбедувањето му се фрлиле на момчето.

Вели дека откако повикале полиција, напаѓачите избегале. Според неа биле вратари во дискотеката.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека „денеска (01.11.2024) во 01.30 часот во СВР Скопје, М.М.(20), М.С.(20) и Н.Ч.(22) сите од Скопје пријавиле дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар М.М. и М.С. биле физички нападнати од едно лице, а Н.Ч. бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.