Вработен во охридската болница бил нападнат од 57-годишен охриѓанец.
На 01.02.2024 во 19.20 часот на улица „Димитар Влахов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Д.(57) од Охрид. Тој се сомничи дека претходно во просториите на Итната медицинска помош во Охрид физички нападнал еден вработен во Здравствениот дом. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.