Вчера во 14.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле 34-годишната А.Д. од Малта и В.Б.(32) од Италија, кои живееле во вонбрачна заедница, затоа што околу 13.00 часот на подрачје на Аеродром, по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Како што соопшти МВР, тие се задржани во Полициската станица Аеродром и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.