На плоштад „Македонија“ скопјанец бил приведен бидејќи агресивно се однесувал кон полицијата, информираат од министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, на 29.03.2023 нешто пред 22 часот часот на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје од полициски службеници од Полициската станица Центар бил приведен маж од Скопје поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Кај него бил извршен преглед, при што бил пронајден и одземен нож.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.