Денеска го посетив седиштето на Секторот за внатрешни работи Скопје кој е најголем сектор во државава и го покрива подрачјето на главниот град со околните општини, каде одржав работен состанок со раководството.
Од нивна страна бев запознаен со нивната тековна работа, состојбата од аспект на пополнетост со човечки ресурси која е на релативно ниско ниво, особено во делот на униформирани полициски службеници, материјално-техничката опременост, како и преземените мерки во врска со позначајните кривично-правни настани кои се случија во изминатиот период, информира министерот за внатрешни работи, ПанчеТошковски.
Во таа насока ме известија дека само во месец март се поднесени 306 кривични пријави, а во последните денови како позначајна реализација ја издвоија кривичната пријава за “Бесправно градење“ по чл. 244а од КЗ против лицето А. Е. кој без да поседува одобрение за градба започнал со доградба и надградба на објект лоциран на плоштад “Скендербег” во Општина Чаир.
Што се однесува до организирање и спроведување на претстојните избори бев известен дека СВР Скопје ги презема сите потребни мерки и ќе одговори на овој безбедносен предизвик и покрај фактот што се соочуваат со сериозен недостаток на човечки ресурси и моторни возила потребни за непречено функционирање.
Од моја страна беше потенцирана заложбата за работење исклучиво во согласност со позитивните законски прописи и дека тоа е единствено нешто што го барам од полициските службеници во наредниот период, напиша на Фејсбук,Тошковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.