Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднело кривична пријава против Д. П. (24) од Гевгелија заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“, информираа од СВР Струмица.
Имено, на 19 овој месец во викенд куќа во гевгелиско село, пријавениот физички нападнал 24-годишна девојка од Гевгелија, по што со закана со остар предмет извршил обљуба врз неа.
Како што информираа од полицијата во текот на денот тој ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.