Планинарска спасителна служба на 20 јуни извлекла холандски турист со скршена нога од околината на село Елшани. Несртеќниот турист потоа бил предаден на екипа од Итната медицинска помош од Охрид.
Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15.00 часот имала спасителна акција на територија на општина Охрид. Извршено е извлекување на повреден холандски турист од околината на село Елшани, кој имал скршеница на нога и е предаден на екипа од Итната медицинска помош од Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман.
Од ЦУК посетуваат дека сите итни случаи може да се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.