Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ од член 279 ст.2 и ст.3 од Кривичниот Законик.

-Првопријавеното физичко лице во својство на сопственик и управител на вторoпријавениот правен субјект Расим Транс ДООЕЛ Гостивар со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавениот правен субјект во периодот од 2020-2022 година, во име на пријавениот правен субјект издал фактури по основ на кои остварил приходи во вкупен износ од 40.195.194 денари, кои приходи не ги пријавил и не ги прикажал во задолжителени даночени биланси и ДДВ пријави, дополнително првопријавеното физичко лице во периодот од 2017-2019 година присвоил парични средства подигнати од банкарската сметка на пријавениот правен субјект на име материјални трошоци во вкупен износ од 30.199.795 денари, за кои во сметководствената евиденција на пријавениот правен субјект како доказ за нивната економска оправданост доставил фискални сметки за набавка на гориво издадени од страна на бензиски пумпи, кое гориво не е употребено за стопанските цели на пријавениот правен субјект, и истите како даночно непризнати расходи не ги внел во задолжителните даночни биланси, а врз основа на дел од нив ја намалил обврската за ДДВ на пријавениот правен субјект, и на тој начин пријавените предизвикале штета на Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 16.754.054 денари по основ на ДДВ, Данок на добивка и Данок на личен доход.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.