Вчеравечер во 01.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Балиндолска“ во Гостивар, Р.Џ.(29) од Гостивар, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски столб.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека со телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Х.(29) од Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.