Вчера околу 18 часот и 20 минути на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 21-годишниот гостиварец Д.Ш. затоа што со мотоцикл направил неколку сообраќајни прекршоци и се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.

Исто така, соопштуваат од СВР Тетово, било констатирано дека мотоциклот не бил регистриран, а тој го управувал без возачка дозвола.

Против него ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.