Синоќа во 19:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на шумски пат во атарот на гостиварско Галате, управувајќи трактор со кој превезувал огревни дрва, 60-годишниот Б.Д. од ова село излетал од патот.

Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде бил пренесен за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.