Чадот што утрово надвисна на поголемиот дел од Скопје доаѓа од Чаир, каде утрово се запали станбена. Огнот најверојатно почнал да се шири од подрумските простории на зградата од каде се издига и густ чад.
Екипите на противпожарната бригада и итната медицинска помош се на терен, по што ќе се знаат повеќе детали.
„Телма“ од терен јавува дека во тек е итна евакуација на станарите, а на повеќе лица им била укажана лекарска помош поради вдишување на чад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.