Горат објектите на старото казино во Ѓорче Петров. Според пријавата во МВР, пожарот избувнал во казино при што е опожарена кровната конструкција.

Повредени лица нема, а пожарот сè уште се гаси од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, велат од МВР.

На лице место интервенираат екипи од Противпожарната служба. Во моментов интервенираат пет возила, а се очекува да пристигне уште едно.

Сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ е пренасочен додека да се изгасне пожарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.