СВР Куманово поднесе кривични пријави против В. М. (51) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и против С. Ј. (25) од Радовиш, Р. М. (24) од Струмица, О. Ј. (23) од Радовиш, Џ. С. (43) од Радовиш, М. Р. (25) од Радовиш, С. С. (18) од Радовиш, Е. С. (47) од Радовиш, Е. Д. (65) од Радовиш, К. Р. (23) од Радовиш, С. Д. (67) од Радовиш и А. М. (24) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”, информираат од МВР.
– Првопријавената, во текот на 2021 година изготвувала фалсификувани ПЦР тестови за Ковид-19 и ги продавала на лица кои имале потреба да патуваат во европските земји. Меѓу нив биле и останатите пријавени, кои на 09.10.2021 ги приложиле фалсификуваните тестови на Граничен премин „Табановце“, велат од МВР
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.