Вчера во 11.40 часот во Штип на улицата „Генерал Михајло Апостолски“ патничко моторно возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот З.П. удрило во 46-годишниот И.И., двајцата од Штип.

На И.И. му била укажана помош во клиничката болница во Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на лице место од страна на увидна екипа, соопштија надлежните



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.