Околу 13:45 часот во атарот на селата Зубово, Колешино и Сушица избувна голем пожар на отворено при што се зафатени стрништа, сува трева и дрвја. Како што информираа од ТППЕ Струмица, гори површина од околу 20 хектари во должина од три километри покрај реката Струмица.
Пожарот го гасне ТППЕ Струмица со четири противпожарни возила и девет пожарникари.
Пожарот е во разгорена фаза, а силниот ветар го забрзува неговото ширење. Моментално е спречено движењето на пожарот кон село Зубово и кон блиските објекти и голем дел од пожарот е под контрола, информираат од ТППЕ Струмица.
Продолжува гаснењето на пожарот, а екипи на струмичките пожарникари остануваат на терен до целосно изгаснување на пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.