Вчера во 15.20 часот во СВР Тетово, А.И.(80) од тетовско пријавил дека во текот на 2017 година без негово присуство во Основен суд Тетово била донесена пресуда со лажно прикажување на факти и докази.

Според пријавеното, во судот биле приложени лажни докази дека тој бил починат, а воедно од адвокат биле поднесени лажни докази – фалсификувано полномошно дека бил негов застапник и застапник на неговата ќерка.

Како што е пријавено, по донесувањето на пресудата со лажните докази Н.Ш. од истото село ја
доставил пресудата во Агенција за катастар на недвижности-Тетово и неговиот имот бил префрлен на името на Н.Ш..

Од СВР Тетово преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.