Во понеделникот во периодот од 17.30 до 21.00 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Т.(37), Н.С.(39) и Д.С.(34), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од К.Б.(35) од Скопје.

Според пријавата, на 01.06.2024 околу 12.45 часот со патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки го однеле во близина на гробиштата во с.Арачиново, скопско, каде што го држеле без негова волја и физички го нападнале. Според пријавеното, тој успеал да избега после некое време. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава, велат од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.