Вчера во 08.45 часот во ОВР Прилеп, Е.Б.(25) од с.Десово, општина Долнени, пријавил дека околу 3 часот во неговиот двор во селото била фрлена експлозивна направа.

Полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле увид и било констатирано дека била фрлена рачна бомба, од чија експлозија биле оштетени неколку прозорци од куќата и две патнички возила „фолксваген голф“ и „опел корса“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б..

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.