Две лица се тешко повредени во несереќата што се случила вчера наутро околу 07.50 часот на скопската обиколница, во близина на клучка „Стајковци“.
Како што соопшти МВР, патничко возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(22) од с.Арачиново, скопско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата возачот и сопатникот С.И.(20) од с.Арачиново се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.