Вчера околу 19 часот во прилепското село Секирци била избегната поголема трагедија откако маж со автомобил се обидел да прегази луѓе.
Како што соопшти МВР, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Б. (35) од с. Пешталево. Тој управувајќи го своето патничко возило „поло“ тргнал кон група луѓе кои биле собрани на среде селото, но бидејќи возилото се изгаснало, тоа сопрело, а повредени лица нема.
Ф.Б. се обидел да избега, но бил спречен, а подоцна и приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.
Сведоци за прилепскиот портал „Маркукуле“ раскажуваат дека голем број жители на ова и околните долненски села биле собрани на прослава за селската слава за Спасовден, кога од нигде никаде дошол извесен Фикрет од село Пешталево и според кажувањето на мештаните, лудувал со автомобилот, а насобраните луѓе бегале да спасат жива глава.
Меѓу насобраните жители имало и дваесетина дечиња, кои преплашени од разбеснетиот возач бегале и плачеле.
Повеќе видеа на „Маркукуле“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.