Неколку случаи на семејно насилство се регистрирани од страна на тетовската полиција во текот на вчерашниот ден.

Прво во 19:40 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 52-годишниот тетовец Ф.С. кој бил пријавен од неговата 20-годишна ќерка и малолетната сестра дека физички ги нападнал. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

29-годишен тетовец, пак, околу 20 часот пријавил дека дента околу 13 часот во семејниот дом физички бил нападнат од мајката на неговата сопруга, на што му претходела нивна расправија.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, велат од СВР Тетово.

Ноќеска околу 1.45 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 50-годишниот тетовец Р.Д., кој претходно бил пријавен од неговата 40-годишната сопруга дека се однесувал агресивно кон неа и дека и се заканувал.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и се расчистува случајот.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.