Полициски службеници од ЕВР Чаир денеска ги лишиле од слобода М.Д.(35), Р.К.(33) и А.И.(36), сите од Скопје, осомничени дека синоќа околу 22:25 часот извршиле разбојништво во спортска обложувалница на подрачјето на Шуто Оризари.
Како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи, со закана кон вработената во обложувалницата тие oдзеле пари од касата.
При претрес во домот на М.Д., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело, информира МВР.
По целосно документирање на случајот, ЕВР Чаир до ОЈО Скопје ќе поднесе соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.