Два случаи на семејно насилство се регистрирани вчера на подрачјето на СВР Тетово.

Триесетгодишна тетовка во 14:30 часот во СВР Тетово пријавила дека во семејниот дом физички е нападната од нејзиниот 34-годишен сопруг Е.Ц.. Од таму велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Ноќеска, пак, околу 1 часот, полициски службенци на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот тетовец С.А., кој претходно бил пријавен од неговата 34-годишна сопруга дека во  семејниот дом физички ја нападнал, а се заканувал на нивните деца и неговиот татко.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.