Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба вчера во 11.30 часот во круг на фабрика ги лишиле од слобода С.И.(27), А.М.(28), С.А.(32), сите од Скопско и Џ.К.(43) од Куманово кои биле затекнати при извршување кривично дело „кражба“.

Украдените предмети се пронајдени во патничкото возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, со кое ја извршиле кражбата и се вратени на сопственикот. Тие се приведени во полициска станица и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци – соопшти Министерство за внатрешни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.