Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода скопјаните А.Ј., С.Б., и С.Ј., информира МВР.

По преземени мерки и активности е утврдено дека тие на 9 март годинава во Скопје со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „ауди Q5“, од кој биле зафатени три други возила – „фолксваген пасат“, „нисан“ и „даеву матиз“.

Денеска, до Основното јавно обвинителство Скопје, против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност” по чл. 292, а во врска со чл. 288 од Кривичниот законик, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.