Ноќва во 03,20 часот било пријавено дека на ул.„Петре Пирузе“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш., соопштија од СВР Скопје за „Република“.

Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила „пасат“, „матиз“ и „нисан“ со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М.(53).

Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

Неофицијално, се работи за автомобил кој му припаѓа на семејството на поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, а кој бил паркиран пред неговиот дом на улица „Петре Пирузе“ во Тафталиџе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.