Припадниците на еврејската група од Куманово не се заминати од земјата, туку се префрлени во Скопје од страна на МВР заради нивна безбедност.
Синоќа пред куќата, која беше цел на напади откако групата Лев Таор се преселила во истата, бил паркиран автобус за транспорт, објави Телма.
Лицата за кои прашувате го напуштија Куманово и во моментов се во Скопје. Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите, велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.