Вооружена престрелка се случувала ноќва околу 23 часот на булеварот „Никола Карев“, познат како Пластичарската улица во Скопје.

Еден од повредените по синоќешното пукање им подлегнал на повредите од огнено оружје и починал синоќа на скопските клиники, дознава ТВ21.

Според информациите на телевизијата, инцидентот започнал со расправии, па прераснал во физичка пресметка со употреба на огнено оружје.

Вкупно три лица биле хоспирализирани. Во 23 часот и 45 минути едно лице е хоспитализирано во ГОБ Наум Охридски и итно префрлено во операциона сала.

Во исто време во Клинички центар пријавено е дека имаат примено две лица со повреди од огноено оружје.

Повредените лица се надвор од животна опасност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.