Вчеравечер во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница на град Скопје, на автопатот Скопје – Тетово, после клучка Волково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Љ.(35) од с.Копаница, Скопско, патничко возило „рено клио“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ќ.З.(64) од Тетово и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(50) од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле М.Љ. и сопатничка од возилото „рено клио“, С.З.(61) од Тетово, а со телесни повреди се здобил Ќ.З., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.