На 24.04.2022 околу 19.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на улица „Маркс Енгелсова“ во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фокус“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(46).од Струга и мотоцикл „јамаха“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Х.П.(25) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди со здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струга. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

На 24.04.2022 во 09.25 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Крушевска Република“, ул.„Младинска“ во Струмица, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(68) од Струмица, удрило во З.Ј.(65) од Струмица. Во несреќата. З.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.