На 24.04.2022 во 14.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.М.(19) од Скопје и Е.Ј.(26) од Велес.

Тие се сомничат дека периодот од 15.00 часот на ден 22.04.2022 до 11.00 часот на 24.04.2022 од имот во с.Отовица, велешко, сопственост на К.Б.(77) од Скопје, одзеле повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.