Две мајки синоќа пријавиле дека исчезнале нивните ќерки во Скопско, односно во Тетовско. Во првиот случај станува збор за малолетно девојче со здравствени проблеми, кое и претходно се оддалечувало од дома, според информациите од МВР.

На 7.4.2023 во 23.30 часот во Полициската станица Драчево, М.М.(44) од село Драчевица, Скопско, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка И.М.(14), која имала здравствени проблеми, а која и претходно се оддалечувала. На 7.4.2023 во 22.40 во Полициското одделение Групчин, С.Б.(45) од Село Церово, Тетовско, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка А.Б.(23) – се вели во соопштението од МВР.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на исчезнатите девојки.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.