Две лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Кисела Вода. Во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко моторно возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(70) од Скопје излетало надвор од коловозот.
На местото на несреќата починале возачот и сопатникот С.О.(65) од Скопје, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Со тешки телесни повреди се здобил уште еден сопатник П.Ц.(71) од Скопје констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.