Струшката полиција денеска уапсила тројца осомничени дека во повеќе наврати силувале девојче помладо од 14 години, чијашто точна возраст МВР не ја открива.
СВР Охрид соопшти дека за делото се осомничени двајца повозрасни мажи и 17-годишно момче, сите од различни села во струшко.
ОВР Струга денеска ги лиши од слобода Т.Л.(57), од струшкото село Враништа, Н.К.(69) од селото Драслајца и 17-годишно лице од селото Мороишта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Полицијата соопшти дека нападот го пријавил таткото на девојчето. Жртвата била злоставувана во неколку наврати, а еден од сторителите бил близок пријател на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.