Двајца малолетници се тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи во кои автомобил управувале токму малоленти лица.

Прво, вчера наутро во 08.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат  Битола-с.Бистрица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Канино, битолско и товарно возило  „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(53) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Во 16.10 часот во ОВР Гостивар, пак, било пријавено дека на улица „Фазенерија 2“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со гостиварски регистерски таблици,
управувано од малолетник од Гостивар и велосипед управуван од малолетно лице од Гостивар.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар- Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.