Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера во 18:10 часот и во 19:40 часот во Гостивар ги лишиле од слобода гостиварците Ј.И.(27) и М.И.(24).
Тие претходно биле пријавени од нивниот 50-годишен татко дека во домот на неговата мајка физички го нападнале и дека во нападот, според пријавеното, едниот од нив користел и дрвен предмет.
Се расчистува и документира случајот, по што на двајцата ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.