МВР денеска дејствувше на пожарот во реонот на село Белица, Општина Македонски Брод, во месноста „Аргулица“ под Солунска Глава, пријавен во текот на вчерашниот ден, со кој беше зафатена нискостеблеста шума, трева и грмушки.

Со координација на Центарот за управување со кризи во гаснење на пожарот, покрај екипата пожарникари на ТППЕ Македонски Брод и на ЈП „Национални Шуми“, подружница „Сандански“, како и авион на ДЗС, поради опасност од ширење на пожарот на борова шума, во непристапен и карпест терен, на помош беа повикани да интервенираат и два хеликоптера на МВР од Одделот за воздухопловни единици, од типот Бел-212 и Бел-412, кои што со противпожарното ведро, со кое се опремени, во повеќе наврати исфрлија преку 30 тона вода и придонесоа за локализирање на пожарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.