На 30.03.2024 во 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово патничко возило „шевролет спарк“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(25) од Тетово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(33) од Тетово, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник И.И.(36) од Тетово, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.