Два километри за час и половина. Главно стоиме во место – коментира возач кој миментално е заглавен на магистралниот пат Кавадарци-Прилеп.
Иако сообраќајот е затворен само за товарни возила на магистралниот пат Кавадарци-Прилеп, речиси нема движење ниту на патничките возила. Создадена е километарска колона од возила.
Според информациите од полиција едно лице е повредено во сообраќајната несреќа меѓу камион со албански таблички и возило „ауди“ кај селото Раец. Сообраќајот се пренасочува по алтернативен пат.
Портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев вели дека сообраќајот се одвива непречено за автомобили преку алтернативен пат.
„Во 14:35 часот случена е сообраќајна незгода на магистралниот пат Кавадарци – Прилеп во близина на село Раец, помеѓу влекач со албански национални ознаки и патнички автомобил марка ,ауди А4′. Притоа, едно лице се здобило со повреди и е е пренесено во кавадаречката болница“, изјави портпаролот за МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.