Затворен е сообраќајот за товарни возила на магистралниот пат Кавадарци-Прилеп поради сообраќајка, потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Сообраќајот се одвива непречено за патнички автомибили, преку алтернативен пат.
-Во 14:35 часот случена е сообраќајна незгода на магистрален пат Кавадарци – Прилеп во близина на село Раец, помеѓу влекач со албански национални ознаки и патнички автомобил марка ,Аауди А4″. Притоа, едно лице се здобило со повреди и со возило на Јавна здравствена установа Општа болница Кавадарци, е пренесено во кавадаречката болница, појасни Самарџиев.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.