Нова престрелка и жртви во скопски Чаир. Според информациите на Република се случила мафијашка претсрелка во чајџилница при што се повредени неколку лица. Тие биле префрлени во Државна болница, а еден од повредените починал.

Од МВР засега немаат детали за настанот. Кратко само потврдија дека е пријавено пукање и дека полициските службеници се упатени на местото на настанот.

Во СВР Скопје вечерва е добиена пријава за пукање од огнено оружје во чајџилница на ул. Браќа Реџепагиќ во Скопје. Според пријаата се повредени три лица, а едно од нив починало од повредите – велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.