РЦУК Битола информира за пожар над с.Острец на Баба Планина, каде што гори папрат и шума, а биле известени во ЈП „Национани чуми“, подружница „Баба“.

Пожарот бил активен во текот на вчерашниот ден над с.Велушина и бил локализиран во вечерните часови, но денеска е повторно активиран.

Интервенирале четири лица од ЈП „Национални шуми“ подружница Кајмакчалан од Битола и четири пожарникари со две ПП возила од ТППЕ Битола коишто после 15.00 часот се повлекле затоа што теренот е непристапен.

Со пожарот, како што известија екипите од терен, не се загрозени населени места.

Инаку, од ЦУК за настанот се известени: НП „Пелистер“, ЕЛС Битола, ДЗС, а и СВР во Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.