Жителите на скопско Црниче бараат помош оти крадци се обидуваат да им провалат по домовите. Иако имаат безбедносни камери, крадците без страв влегуваат во нивните дворови. На социјалните мрежи се објавени и снимки од камерите, на кои се гледаат дрските крадци.

Од снимката се гледа како две лица со маски на лицето и ракавици се прикрадуваат во дворот. Доаѓаат до вратата, ѕвонат, но никој не им отвора. Додека едниот ја проверува околината, другиот се подготвува да упадне во домот. Се обидува неколкупати да ја прескокне терасата. Последниот пат, излегува лице од куќата, по што тие бегаат.

И ова не е единственото сведоштво, за коешто жителите бараат помош од МВР, но и од локалната власт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.