Изутринава нема активни пожари, информираат од Центарот за управување со кризи. Пожарот во општина Зелениково што избувна вчера попладне е изгаснат, а дежурна екипа на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје е присутна на местото.

Викендов беа регистрирани бројни пожари на територијата на Македонија. Најголем интензитет на ширење на огнот имаше во саботата. Од ЦУК информираат дека во саботата имало 30 пожари на отворен простор од кои најтежок беше кај акопско Ајватовци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.