Денеска околу 10.45 часот од полициски службеници од СВР Струмица лишен е од слобода М.Т.(44) од Струмица.

При претрес извршен со наредба од Основен суд Струмица во дом и други простории кај М.Т., биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, црна грутчеста материја, таблетки, растителна материја, информираат од МВР.

Лицето е приведено во СВР Струмица, за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО Струмица и по негово комплетно документирање против М.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.