Од кога се воведени новите протоколи за функционирање во услови на дојава за експлозивни направи, следниот ден имавме една дојава за бомба, а наредниот ден уште една. Понатаму веќе немаше дојави за бомби, потенцираше на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање.

Инаку, новиот протокол, кој предвидува преземање на посебни мерки при дојава за бомба, беше воведен во текот на овој месец, за што Спасовски потенцираше дека истиот ќе биде дел од решението на процесот.

Состојбата е целосно под контрола. Полицијата е тука, ќе биде во секое од училиштата, во сите институции. Будно работиме, во целиот изминат период, затоа што за нас сигурноста, безбедноста и спокојот на граѓаните се на прво место, порача неодамна министерот Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.