СВР Скопје минатата година запленила рекордни 215 килограми марихуана, а годинава дури 1,5 килограми кокаин, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.
Државата ја позициониравме како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици. Како МВР продолжуваме бескомпромисно да работиме кон искоренување на оваа појава. Зголемување за 6,52 проценти бележи и процентот на расчистени разбојништва и разбојнички кражби на подрачјето на СВР Скопје за периодот јануари-октомври 2022, пишува Спасовски.
Тој порачува дека продолжуваат со несмален интензитет во подобрување на безбедносната состојба, како на подрачјето на СВР Скопје, така и на територијата на целата држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.